Неколку добри причини за читање книга

04 мај, 09:52

Читањето нè збогатува, нè опушта, ни го развива умот... Оваа корисна активност малку е подзаборавена и ставена во втор план, за сметка на телевизијата и компјутерите.

Можеби не знаете ни една добра причина зошто компјутерот повремено да го замените со книга, или сте ги заборавиле придобивките од читањето.

Затоа ние сме тука да ве потсетиме кои се навистина добри причини поради кои треба да му се вратите на читањето.

Поинаква перспектива
Честопати на нештата гледаме само од наш агол, што секако е многу погрешно. Читањето ќе ви помогне да ги проширите видиците, преку книгите ќе се запознаете со други култури и религии, поинаков начин на живот и многу други нешта. Не само што ќе стекнете нови знаења и подобро ќе го разберете светот, преку читањето нештата ќе ги гледате од малку поинаква перспектива и ќе научите да се соживувате со другите и да ги почитувате различностите.

Побрзо читање – поразвиен ум
Колку повеќе читате, толку се зголемува и вашата брзина на читање. Можеби брзината не ви изгледа толку важна бидејќи читањето не е трка, но дали знаете дека брзината на читање е поврзана со брзината со која работи мозокот?
Колку побрзо читате, толку повеќе читањето ја подобрува работата на вашиот мозок и тој побрзо ги прима и обработува податоците.

Способност за пишување
Луѓето кои често читаат книги имаат добра способност за пишување, а со тек на време таа способност уште повеќе се зголемува, па може да создадат прекрасни текстови, приказни или статии, да создадат нешто оригинално и свое или да дадат свој коментар на нечии пишани зборови.
Можеби во моментот не ви изгледа важно, но никогаш не знаете каде ќе ве одведе животот и кога од вас ќе побараат нешто да напишете.

Нови идеи
Книгите се чудесни нешта кои ќе ве одведат на места за кои не сте ни знаеле дека постојат. Секоја нова страница може да биде искра која кај вас ќе се претвори во идеја. Дури и да не се реализираат вашите идеи, вашиот ум се развива во секој случај.

Ако ви се потребни уште неколку причини за да земете книга во раце, прочитајте ги и другите наши статии посветени на читањето.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 5740 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус