Позитива, Поучни приказни

Добро или лошо? Кој знае?

02 август, 06:13

Еден ден единствениот коњ на стариот кинески фармер избегал во планините. Соседите почнале му изразуваат сочувство за немилиот настан, но фармерот само им одговорил: „Лошо или добро? Кој знае?“.

По една недела коњот се вратил кај фармерот заедно со стадо диви коњи. Соседите изненадени од овој среќен настан почнале да му честитаат, но фармерот повторно им одговорил: „Добро или лошо? Кој знае?“.

Кога неговиот син се обидел да се качи на еден од дивите коњи, ја скршил ногата. Сите почнале да зборуваат за несреќата која им се случила. Но, фармерот повторно одговорил: „Лошо или добро? Кој знае?“

Неколку недели подоцна дошла армијата во селото и ги зела за во војна сите здрави и млади момчиња. Поради скршената нога не го зеле синот на фармерот. 

Дали тоа е добро или лошо кој знае?


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2520 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус