Домашен лек против кашлање

18 јануари, 07:20

Промената на годишните времиња како и промената на температурите, кај поголемиот број луѓе е причина за добивање на настинка и појава на кашлање.

Кашлањето е прв знак дека имунитетот на организмот е намален, дека грлото е многу осетливо и лесно подложно на вируси и настинки.

Во текот на денот со консумирање на топли пијалаци како чај, полесно е справувањето со кашлањето, но во текот на ноќта кога телото се опушта, кашлањето како за инает зема сѐ поголем замав. 
Како резултат на ненаспаните ноќи, телото е изморено и нема сила за справување со секојдневните обврски. 
Ваквата состојба треба веднаш да се стави под контрола.

Ако сте испиле сируп против кашлање и сѐ уште кашлате, време е да се свртите кон народната медицина и народниот начин на лечење, кој до сега се има покажано како многу успешен.

Ова е денешниот наш природен, народен и веќе докажан рецепт против кашлање, кој доколку доследно се примени, ќе ви го олесни дишењето и кашлањето ќе стане ваше минато.

Подгответе го ако имате сериозен проблем со кашлањето.

Состојки:
150 коренчиња тегавец кои треба да се со се стебленца и ливчиња
1 литар вода
сок од 1 лимон
1 кг. мед

Подготовка:
Тегавецот убаво се чисти и се мие. Се става во тенџере со вода, му се додава сокот од цедениот лимон и медот. 
Течноста се вари на тивок оган, подолго време, со повремено мешање. 
Откако убаво ќе изврие и ќе остане отприлика четврт од првобитната количина, се трга од огнот и се остава убаво да се олади. Потоа се собира во шишенце и се пие 2 до 3 пати во текот на денот по една супена лажица. 

За подобри резултати треба да се испие целата доза, иако е можно кашлањето да престане уште во првите неколку денови. 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 4992 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


ПОПУЛАРНО

Фенг шуи дневни ритуали за убав ден

2020-01-09 05:34:00
Фенг шуи дневни ритуали за убав ден

Фенг шуи се практикува илјадници години наназад, а оние кои ги следат советите на ова древно учење во својот живот внесуваат здравје, хармонија, благосостојба и среќа.

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

24 јануари

24 јануари
Во 1956 година, Министерството за народна просвета на Македонија ја одобри првата Граматика на македонски јазик од професор Круме Кепески, наменета како учебник за средните училишта.   &nbs
© 2020 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус