Домашна витаминска чорба

17 декември, 15:25

Зимата и студеното време се најголемите предизвикувачи на настинки и грип. 
Во ова време од годината, кога температурите знаат да се спуштат и до неколку степени под нулата, очекувана и нормална појава е да се намали имунитетот на организмот, бидејќи тој не е во целост подготвен без проблеми да го преброди преодот од топло кон ладно време, па поради тоа и настануваат здравствените проблеми.

Во зима зеленчукот и овошјето секако треба секојдневно да бидат задолжителни во оброците, но исто така и супите, топлите домашни подготвени и неверојатно вкусни супи и чорби треба да се присутни секојдневно на трпезата. 
Тие изобилуваат со витамини и минерали, внатрешно го затоплуваат и подгреваат организмот, многу успешно се справуваат со настинките и грибовите и во голема мера го зголемуваат имунитетот.

Причини за тоа зошто е толку многу важно да се консумираат супи и чорби во зима има многу, но погоре спомнатите нека бидат доволни за да ве мотивираат уште денес да одлучите да подготвите некоја вкусна домашна супа.

Нашиот денешен предлог е само една идеја, а вие слободно според вашите желби и идеи подгответе ваша домашна супа и израдувајте ги вашите најблиски со топла чинија полна со здравје.

Наздравје! 


Состојки:
еден цвет среден по големина карфиол
еден цвет среден по големина брокула
2 - 3 моркови
еден компир среден по големина 
една топка фиде
една готова супа
зачини по вкус: црн бибер, мешан сув зеленчук, кари, куркума, лук во прав, мускантно оревче

Подготовка:
Во поголем длабок сад ставете 1 до 2 литри вода во зависност од тоа колкава количина чорба сакате да добиете. Оставете ја водата да зоврие. 
Во меѓувреме морковите и компирот излупете ги и изрендајте ги на најситната страна од рендето и ставете ги во зовриената вода. 
Брокулата и карфиолот убаво измијте ги и одделете ги на ситни светови, стебленцата исечкајте ги на ситни коцки и додајте ги во зовриената вода. Оставете ја чорбата некое време да се вари на тивок оган и кога ќе почне да врие, додајте ги готовата супа и фидето. Промешајте и оставете додека фидето не се свари. 
Пред да се тргне чорбата од оган додајте ги зачините, промешајте уште еднаш и оставете ја чорбата на исклучен шпорет да поврие уште некоја минута.

Чорбата послужете ја топла и уживајте во нејзиниот вкус.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3090 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус