Позитива, Поучни приказни

Другарство

20 октомври, 07:04

Двајца другари се шетале заедно низ пустина. Одеднаш почнале да се расправаат и едниот од нив го удрил другиот.

Удрениот другар се почувствувал непријатно, но без да каже и збор, се наведнал и во песокот од пустината напишал:  

„ Денес добив удар од мојот најдобар пријател” .

После непријатниот настан продолжиле да одат низ пустината и стигнале до некоја оаза во која што имало мало езерце. Одлучиле да се освежат, па влегле да се капат во водата. Едниот од другарите што добил удар, почнал ненадејно да се дави, но за среќа, го спасил неговиот другар, оној кој пред малку го удрил. Кога излегол од водата и кога малку се прибрал, зел камен и со друг, поостар камен, на него изгравирал:        

„Денес најдобриот пријател ми го спаси мојот живот”.

Другарот кој му го спасил животот го прашал:

 „Кога те удрив, ти сето тоа го запиша на песокот, а сега, кога ти го спасив животот, таа случка ја изгравира на каменот, зошто го направи тоа?”

Неговиот другар му одговорил:     

„Кога некој ќе направи нешто лошо, таквата случка треба да ја запишеме на песок, за да може ветрот да ја избрише, но кога некој ќе направи нешто добро, таа случка треба да ја изгравираме на камен, за ништо што постои на овој свет, да не може да ја избрише”.

Научете се и вие сите „рани” да ги запишувате на песок, а секоја „среќа” да ја изгравирате на камен.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 12170 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус