Позитива, Мисли

Душевно спокојство

25 декември, 06:00

Биле еднаш двајца монаси, кои четириесет години живееле во ист манастир, а никогаш на се скарале.
Еден ден едниот монах му рекол на другиот: „Не мислиш ли дека барем еднаш треба да се скараме?”, а другиот возвратил: „Зошто да не? За што ќе се скараме? ” „Би можеле за овој леб”, предложил првиот. „Во ред ќе се караме околу лебот, како се прави тоа? ”. „Вака”, рекол првиот монах. „Овој леб е само мој, што ќе правиш сега? ” „Задржи го”, одговорил вториот.


Душевното спокојство не мора да се наруши со кавга или со дискусија.
Она што го уништува тоа спокојство е „јас”, нашето его. „Ова мене ми припаѓа и со никого нема да го поделам”. Кога ваквиот егоистичен став ќе надвладее, срцето станува сѐ покруто. Тоа е најголемиот непријател на внатрешниот мир и спокојството; тврдото срце, полно со егоизам и себичност.

„Новиот ден” - Антони Ди Мело

Не дозволувајте вашето срце да стане круто, да биде полно со егоизам и себичност. Напротив, отворете го срцето за сѐ и за секого, имајте во него само љубов, секоја работа што ја правите, правете ја со љубов, немојте да бидете скржави и полни со егоизам. 
Постои некоја виша сила или Бог, како сакате, кој сѐ гледа и си ги реди работите како што треба.
Подарете му на некому она што му треба и верувајте дека вас ќе ви биде вратено дупло повеќе од тоа што сте го дале.
И секогаш кога подарувате, подарувајте со љубов а не со каење или омраза. Само на таков начин ќе постигнете душевен мир и спокојство.  


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3588 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2022 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус