„Edge of tomorrow”

30 мај, 00:52

Најновото филмско остварување „Edge of tomorrow” во кое главен јунак е Том Круз, синоќа доживеа светска премиера во кино салите ширум светот. 
Филмот беше прикажан и во нашите кино сали и одѕивот беше голем, што реално е и очекувано, бидејќи статистички е докажано дека сме нација која е и сака да биде во тек со сите светски филмски настани и случувања. 
 
Том Круз и овој пат преку одличната глума и одлично одиграната улога покажа и уште еднаш докажа дека е голем актер за кој времето како да престанало да работи, бидејќи самиот негов изглед и цртите на лицето изгледаат како воопшто да не се менуваат со текот на годините. 

Извонредниот научно фантастичен филм ја опишува вечната борба на луѓето против вонземјаните кои сакаат да ја окупираат земјата. Офицерот Вилијам Кеиџ (Том Круз) директно е вклучен во мисијата за спас на човештвото. 
И поднасловот на филмот, односно она што како порака го носи „Edge of tomorrow” се трите едноставни нешта кои се клучни за успешно спроведување на мисијата, а тие се live (живеј), die (умри) и repeat (повтори). 
Откривајќи дека може да умри и потоа може повторно да се разбуди со цел да ги подобри своите вештини и да биде поспремен за борбата против непријателот, офицерот Кеиџ многупати намерно и не намерно е убиван. Но со секое ново разбудување станува подобар борец - војник за да на крајот успешно ја спроведе неговата мисија. 

Филмот не би бил така добар како што е ако во него не се појави и некој добар женски лик, па така овој пат режисерот Доуг Лиман се одлучи за актерката Емили Блунт која го игра ликот на Рита Вратаски, која исто како и офицерот Кеиџ има сознаено како функционира целата работа со вонземјаните и со убивањето и повторното разбудување, односно со повторувањето на некои сцени од животот.

Приказната на филмот совршено е разработена, прикажана и одиграна а главните ликови се виновниците за тоа. 

„Edge of tomorrow” се очекува да биде досега најдобриот филм во кој играл Том Круз и неколку пати да ги полни кино салите, бидејќи со самата светска премиера веќе доби одлична оценка од филмските критичари.

Погледнете го трејлерот, а ако имате можност уште подобро би било да го погледнете „Edge of tomorrow” на филмско платно во некоја наша кино сала.
Уживајте!


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2144 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус