Здравје

Едно кивање ја заразува целата просторија

26 декември, 12:12

Научниците откриле дека само едно кивање на лицето што боледува од грип е доволно бактериите да се рашират во целата просторија и тоа со брзина од 160 километри на час, а инфицираните микроскопски капки што се исфрлат со кашлањето и со кивањето се доволни за болеста да се прошири.

Со вдишување вирусни честички во лекарска ординација, на работно место, во авион или воз може да дојде до непосакувана инфекција после само еден час, а ова откритие сугерира дека е потребно да се избегнуваат чекалните во болниците бидејќи постои голема опасност од заболување.

Грипот се пренесува од едно на друго лице при директен физички контакт или ако некој кашла или кива. Затоа повеќе истражувања се концентрирани на аеросолите, капки кои го пренесуваат вирусот во воздухот и кои брзо паѓаат на земјата.

Американски научници собрале примероци од воздух од чекални во клиники, од три простории во градинка и од три меѓународни летови, при што половина од примероците содржеле вирус на грип. Тие утврдиле дека еден кубен метар воздух во просек содржи 16.000 честички на вирусот и дека со вдишување на воздухот од просториите со ваква концентрација на вируси може да дојде до инфекција само за еден час.

Научниците порачуваат дека ризикот може значително да се намали со често проветрување на просториите во кои престојуваат заболени лица, со вентилација и со клима.

Со типична кашлица се исфрлаат млазови долги 30 сантиметри заедно со околу 3000 капки плунка со брзина од 80 километри на час, а со кивање се исфрлаат околу 40.000 капки од кои некои од нив го напуштаат телото со  брзина од 160 километри на час.

Ако сте настинати и кивате секогаш со вас носете хартиено или платнено шамивче и користете го секој пат кога ќе ви дојде нагон за кивање. Така ќе спречите бактериите да се шират низ просторијата и ќе спречите уште една или повеќе настинки.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2270 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


ПОПУЛАРНО

Волшебни снегулки

2020-01-09 13:04:00
Волшебни снегулки
Сте се запрашале ли некогаш како изгледаат снегулките, каква форма имаат, колку краци и како се распоредени?             &

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

24 јануари

24 јануари
Во 1956 година, Министерството за народна просвета на Македонија ја одобри првата Граматика на македонски јазик од професор Круме Кепески, наменета како учебник за средните училишта.   &nbs
© 2020 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус