Позитива, Поучни приказни

Едноставна поука

16 јануари, 00:02

Оваа едноставна и кратка приказна во себе крие исто толку едноставна, но и моќна порака.

Приказната раскажува за еден младич и неговиот татко кои патувале со воз. Спроти нив седел брачен пар кој не можел да се изначуди на однесувањето на младичот.

Младичот пак се воодушевувал на секое нешто кое ќе го видел, им се радувал на дрвата кои како да минувале покрај возот, на облаците кои се движеле по небото, на птиците и животните кои ги гледал од прозорецот на возот...

Жената која седела спроти младичот во еден момент му се обратила на неговиот татко: „Господине, со вашиот син сигурно нешто не е во ред и треба да побарате лекарска помош. Како може млад човек толку да се радува како прв пат да гледа дрва или птици и да се однесува како дете?”

На тоа таткото одговорил: „Ние штотуку доаѓаме од болница. Мојот син, кој беше слеп, успешно е опериран и прв пат во животот има можност да го види светот околу себе со своите очи”.


Ако сè уште не сте ја разбрале пораката, ќе ви помогнеме: Не судете им на другите ако не ги знаете сите причини за нивното однесување.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2421 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус