Мој предлог, Филм

Ender’s game:Потполно неочекуван крај и силна порака

17 март, 00:23

Снимен според истоимениот роман на Орсон Скот Кард, „Ender’s game” е вистинско уживање за љубителите на научна фантастика и авантура.

Приказната е сместена во иднината, откако човештвото се опоравило од двата напади на една вонземна раса, па поучени од страшните последици луѓето се обидуваат да ја смислат најдобрата одбранбена стратегија.

Во центарот на дејството е младиот Ендер, брилијантно момче со неверојатни вештини, регрутирано од војската за да му помогне на човештвото.

„Играта на Ендер” за многумина е уште еден научно - фантастичен филм, како и многуте пред него, но приказната крие многу моќна порака, па оние до кои ќе допре ќе бидат навистина восхитени на крајот од филмот.

Крајот сам по себе е потполно неочекуван, и токму тука се крие пораката која треба да допре до вас.

Една од нашите главни карактеристики е тоа што многу лесно им судиме на другите, не трудејќи се да ги дознаеме причините за нивното однесување. Можеби приказната на Еднер ќе ве поттикне малку да размислите и да се промените.

Оние кои ја читале книгата велат дека филмот е само лоша копија. Останатите го оценуваат како одличен филм, со неверојатно добри визуелни ефекти и одлична глума.

Харисон Форд, младиот Аса Батерфилд (Ендер), Виола Дејвис, одличниот Бен Кингсли, се само дел од актерската екипа.

Уживајте во речиси двочасовната авантура, потоа размислете...

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2867 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус