Енергетска чорба со карфиол и просо
Потребен материјал:
1 средна главичка карфиол
2 моркови
2 поголеми домати
1 црвена пиперка
1 пашканат со средна големина
корен од целер со средна големина
китка магдонос
китка лист од целер
50 - 100гр. просо
прстофат морска сол
2 супени лажици маслиново масло
кафена лажичка куркума или кари
кафена лажичка црн бибер
Во подлабок сад за варење се ставаат:
ренданите моркови
сечканата пиперка
ренданите домати на кои им е отстранета лушпата
ренданиот пашканат и
ренданиот корен од целер.
Потоа садот се става да се вари на тивок оган за да можат во сопствените сокови да се спојат сите вкусови. Тоа може да биде околу 15 мин., а потоа се додава маслиновото масло и просото кое најпрво сте го пропржиле на сува тава, кратко, со постојано мешање, за да добие златна боја и подобро да се свари. Сè се промешува и се затвора со капак оставајќи неколку минути сè добро да се спои. Потоа се става вода 500 - 750 мл. се затвора и се остава да се вари на повисока температура сè додека не почне да врие кога ќе се додаде карфиолот исечкан на помали цветчиња. Температурата се намалува и се остава да се вари околу 15 мин.сè додека карфиолот не омекне. На крај се ставаат македанот, листот од целер и зачините. Се исклучува и се остава затворено да се спојат вкусовите.
Кога ќе ја направите оваа чорба ќе мора да признаете дека изгледа вкусно.. а добро, да ли е добро??? Тука нема сомнеж, секој топол залак за вашата душа скапоцен подарок. Што би рекол нашиот народ: СО ЕДЕН УДАР ДВЕ - ЕМ ТОПЛО, ЕМ ЗДРАВО (а лесно??? тука нема збор, ништо полесно)...ДОБАР АПЕТИТ.
Додади коментар