Животен стил, Живеј квалитетно

Енергетски трикови за концентрација

23 декември, 12:10

Веселиот израз на лицето, исправената положба на телото и насмевката ќе го залажат мозокот да ве убеди да се чувствувате како што изгледате. Затоа употребете го ова тајно оружје пред некој важен состанок.

За да можете целосно да ги извршувате предвидените планирани задачи треба да имате доволно енергија, а енергијата покрај со внесувањето на здрава храна, можете да ја добиете и со некои мали трикови кои ќе го подигнат вашето расположение и ќе направат да се чувствувате многу позадоволни, посреќни и поисполнети.

Овие се дел од тие трикови кои ќе ви помогнат лесно да ја обезбедите потребната енергија. 


- веднаш штом станете од спиење погледнете ја светлината - на овој начин ќе ја зачувате енергијата која се акумулирала во текот на ноќта. Откако ќе го изложите телото на утринска сончева светлина организмот ќе престане да произведува мелатонин (хормон на спиење), а енергијата наместо за расонување ќе ја насочите за справување со дневните предизвици.


- првиот оброк нека биде банана затоа што со неа ќе го зголемите енергетското ниво на организмот за цели 20%. За дополнително зголемување на енергијата, во вашето утринско мени додадете мусли или некои други житни зрна.


- после извесно време откако ќе го изедете вашиот енергетски појадок време е за ужина, а таа треба да биде составена од една рака бадеми или лешници затоа што мозокот преку нив двојно полесно и побрзо ќе ја изврши дневно планираната работа. Со редовно консумирање на овие јаткасти овошја наутро после појадокот, исто така и ќе спречите да се прејадувате за време на ручекот.


- кога ќе стигнете на вашето работно место и откако ќе сработите дел од работата, време е лесно да се истегнете. Можете исто така и да прошетате низ ходникот или да отидете до тоалетот ако работите во канцеларија. Ова истегнување или кратка прошетка е добра затоа што преку неа успешно ќе им се спротивставите на мрзливоста и заморот кои се јавуваат после работното утро.


- исправете се и насмевнете се за да го залажете мозокот да ве убеди дека се чувствувате како што изгледате. Овој трик е многу ефектен и докажан, затоа во никој случај немојте да го прескокнувате.


- пред долг и важен телефонски разговор најдобро е неколку пати да чекорите напред - назад за да ја подобрите концентрацијата. Мозокот ја одржува својата виталност кога ја форсирате неговата работа, така што ова е одличен тренинг.


- ако завршивте со работното време и сте тргнале на пат за дома, нормално е во овој период од денот да почнува да ве фаќа дремка, затоа што телото се ослободува од напнатоста од работните обврски. Но ако сакате да бидете будни и ако сакате вниманието значително да ви се подобри за да можете ефикасно да продолжите да ги извршувате домашните обврски, на патот кон домот џвакајте гума за џвакање со вкус на нане или мента. 


- домашните активности ја враќаат изгубената енергија, па затоа штом ќе се вратите од работа, одморете се некое време и почнете се домашно средување и чистење.


- смеењето на некоја телевизиска серија може двојно да го намали вечерниот замор кој го чувствувате после напорниот ден. Смеењето ја подобрува инсулинската чувствителност и им помага на мозочните клетки да апсорбираат колку што е можно повеќе шеќери. Затоа многу е важно навечер да се смеете или да се опуштите во релаксирана атмосфера.


- исчешлајте ја косата за подобар сон затоа што главата содржи илјадници нервни завршетоци, па кога се чешлате ги масирате мускулите и на тој начин се ослободувате од стресот. Не заборавајте да поминете со четката во пределот зад ушите и вратот бидејќи таму е вистинска „џунгла” од нерви. Оваа постапка секако дека нема да ве снабди со енергија, но ќе ве ослободи од напнатоста пред спиење.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2247 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус