Занимливост, Интересно

Факти кои ќе ве изненадат!

14 јануари, 00:07

Планетата Земја, Вселената и луѓето кријат многу интересни факти.

Живиот свет, како и развојот на технологијата одново и одново нè изненадуваат. Издвоивме дел од најинтересните факти кои се надеваме ќе го привлечат вашето внимание.

 

 


123456 е лозинка која е хакирана најмногу пати досега. Ако користите вакви едноставни лозинки, веднаш променете ги!


Млечниот Пат се состои од околу 400 милијарди ѕвезди, а за да стигнете од едниот до другиот крај на оваа галаксија, ќе ви бидат потребни 100 000 години.


Најголемиот цунами бран во историјата бил висок 524 метри, а удрил во заливот Латиа, на Алјаска, во 1958 година.


Пајаковата мрежа е околу 5 пати поцврста од челикот со иста тежина.


На радио преносот му беа потребни 38 години за да стигне до 50 милиони слушатели, на телевизијата 13 години за да стигне до истата бројка на гледачи, а на интернетот само 4 години.


Во Јапонија е направена виолина чии жици се создадени од пајакова мрежа!


Јазикот на жирафите може да порасне и до 53 сантиметри.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1965 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус