Занимливост, Интересно

Неверојатни факти за соништата

22 јануари, 00:34

Мистериозни, возбудливи, страшни... Соништата се дел од нас, сите сонуваме, иако некои од нас не се сеќаваат на своите соништа.

Сонувањето е едно од најинтересните и најмистериозни човекови искуства. Токму затоа оваа интересна појава постојано се проучува, а резултат на тоа проучување се фактите за соништата.

 


И бебињата сонуваат
Сонуваат и најмалите, но нивните соништа се разликуваат од оние на поголемите дечиња и возрасните. Интересно е тоа што бебињата не се сонуваат себеси сѐ додека не наполнат 3 години.
 

Соништата и светските пронајдоци
Некои од најголемите откритија на човештвото се резултат на соништата! Токму така, некои од најголемите умови идејата за своите пронајдоци ја добиле токму на сон. Периодниот систем на Менделеев, генераторот на наизменична струја на Тесла, машината за шиење, идејата за Google се само дел од неверојатните идеи чии носители ги добиле додека спиеле.
 

Сонувањето и грчењето
Истражувањата покажале дека луѓето кои грчат додека спијат, не сонуваат во периодот на грчење.
 

Луцидни соништа
Дали ви се случило да сонувате, а притоа сте свесни дека тоа е само сон? Тоа е луциден сон, состојба која е многу истражувана и научно потврдена.
Започнува како обичен сон, потоа сонувачот станува свесен дека сонува и донекаде може да ги контролира настаните во сонот. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои играат видео игри се повеќе склони кон луцидни соништа од останатите.
 

Кошмари
Лошите соништа најчесто се заеднички за повеќето луѓе, иако не постои некоја посебна причина за нив, нити пак имаат скриено значење. Така, најчести кошмари се оние во кои некој нѐ брка и сака да нѐ повреди, соништата во кои паѓаме од голема висина, се давиме или ни паѓаат заби.
 

Траење на соништата
Во моментите кога сме заспале, соништата траат многу кратко, додека подоцна, непосредно пред будењето, може да траат и до 45 минути.
 

На сон гледаме само познати лица
Лицата кои ги сонуваме, а не ни се познати, сме ги сретнале порано, иако не се сеќаваме на нив. Нашиот мозок се сеќава на сите личности кои сме ги виделе во животот, па иако нам ни се чини дека сонуваме непознати личности, некогаш и некаде сме ги виделе на јаве!


Некои луѓе сонуваат во боја, други не, 5 минути по будењето забораваме на половина од нашиот сон, а по 10 минути забораваме цели 90 % од сонот. Некои од нас бараат симболика во сонот, други пак не се трудат да се присетат што сонувале. Во светот на соништата едноставно не постојат граници.

Какви се вашите соништа?

 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2213 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

8 Декември

8 Декември

Во 1980 година, поранешниот член на Битлси, Џон Ленон бил застрелан од непознат напаѓач.

© 2022 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус