Животен стил, Фенг шуи

Фенг шуи љубовни и брачни совети

06 декември, 03:00

Според фенг шуи, сè што ни се случува е поврзано со балансот и хармонијата. За да ја привлечеме позитивната енергија мора да создадеме дом во кој ќе владее хармонија и баланс меѓу предметите кои нè опкружуваат.

Денешните фенг шуи совети се однесуваат на љубовниот живот, брачната хармонија и позитивната енергија меѓу партнерите.

 

За да ја зачувате хармонијата, да го зачините љубовниот живот и да имате добра комуникација со партнерот, потребно е да обратите внимание на следните нешта:


Креветот не смее да биде залепен до ѕид, бидејќи на тој начин едниот од партнерите ќе се чувствува како заробен во врската. Доколку имате можност, поставете го креветот на начин на кој од двете страни ќе има еднаков простор, со што и двата партнери подеднакво ќе уживаат во врската.


Доколку сакате ноќни масички, потребно е да бидат две, од секоја страна на креветот, за да се зачува хармонијата на просторот.


Боите играат голема улога во љубовниот живот. Розовата или црвена постелнина ја разгорува страста, но внимавајте со црвената боја и не претерувајте со нејзиното внесување во спалната соба.


Огледалото кое е спроти креветот е лош избор кој ја нарушува хармонијата меѓу партнерите, бидејќи дејствува како трета личност која се меша во врската. Доколку сакате огледало во спалната соба, најдете му друго место.


Исчистете ги плакарите од сите непотребни предмети и направете простор за слободен проток на енергијата.


Украсите во пар се уште еден начин да постигнете хармонија, без разлика дали сте во брак, во врска или сте самец во потрага по љубов. Ставете две слончиња, две свеќи..., без разлика за какви украси станува збор, секогаш нека бидат во пар.


Ако не сте во врска или брак и сè уште трагате по сродна душа, ослободете се од сите предмети кои на некој начин ве поврзуваат со поранешниот партнер за да направите простор во вашиот живот за нова љубов.
За самците е доста корисно и средувањето на плакарите и комодите. Целта е да ослободите дел од нив и да оставите некоја празна фиока која ќе биде наменета за личноста која треба да дојде во вашиот живот. Ваквиот начин на размислување ја привлекува добрата енергија и помага во наоѓањето на партнер.


Применете ги корисните фенг шуи совети и внесете нова свежина во љубовниот живот.

 


извор: Бла Бла
автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1517 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2017 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус