Животен стил, Фенг шуи

Фенг шуи дневни ритуали за убав ден

09 јануари, 05:34

Фенг шуи се практикува илјадници години наназад, а оние кои ги следат советите на ова древно учење во својот живот внесуваат здравје, хармонија, благосостојба и среќа.

Дневните фенг шуи ритуали се практикуваат секое утро, со цел денот да започне со позитивна енергија која ќе ве води низ сè што ќе правите.

Овие навидум едноставни ритуали имаат моќ да го подобрат вашето расположение и да ве исполнат со енергија.
Она што прво ќе го направите наутро ќе ве прати цел ден, затоа е многу важно секој нов ден да го започнете со добра енергија.

Дневни фенг шуи ритуали

Енергијата на Сонцето
Според фенг шуи, Сонцето е најчистата и најзначајната енергија која постои на Земјата. Ритуалот поврзан со Сонцето е многу едноставен, но толку посебен што ќе ви го разубави денот и ќе ви помогне да се чувствувате посебно и прекрасно.
Секое утро погледнете во Сонцето, рацете пуштете ги слободно покрај телото, дланките нека бидат отворени кон горе. Затворете ги очите и полека вдишете и издишете девет пати. При секое вдишување во себе кажете си некоја афирмација: „Јас сум силен. Јас сум здрав. Јас сум едно со универзумот. Јас сум исполнет со позитивна енергија...” При последното, деветто вдишување, кажете си ја целта која сакате да ја исполните токму тој ден (Денес успешно ќе ја завршам работата, Денес ќе најдам решение за...). Кога ќе завршите со деветте дишења, напијте се чаша млака вода која ќе го исчисти телото.

Појадок
Никако не го пропуштајте појадокот. Јадете сезонска храна, природно овошје и зеленчук, житарици... Појадокот секогаш нека се состои од здрава храна и нека претставува ритуал во кој ќе уживате.

Позитивна енергија
Фенг шуи секогаш се темели на позитивната енергија. Утрото започнете го со добра музика која ве расположува, почувствувајте ја енергијата во себе и насмевнете се. Според фенг шуи, дури и најмалата позитивна промена на лицето може да го промени денот на подобро. Каде и да одите, што и да правите, секогаш од дома излезете со насмевка на лицето!
По завршувањето на ритуалите, вашето тело и ум ќе бидат исполнети со позитивна внатрешна енергија, а вие ќе бидете подготвени да се соочите со предизвиците на новиот ден.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 8487 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 Март

19 Март

Во 1955 година, во западна Германија е роден познатиот актер Волтер Брус Вилисон, или познат во филмската светска јавност како Брус Вилис. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус