Животен стил, Фенг шуи

Фенг шуи симболи и амајлии за добра среќа

03 ноември, 06:39

Учењето познато како фенг шуи е многу фасцинантно и комплексно.

Секој може да примени дел од советите за добра енергија во домот, а притоа да не потроши премногу време или пари.

Голем дел од советите се и доста практични, па според тоа и корисни за секој дом.

Нашиот денешен совет се однесува на предметите кои носат добра среќа.

Според фенг шуи, некои предмети штитат од негативна енергија и носат среќа во домот. За некои од нив сигурно сте слушнале, но можеби не сте знаеле дека се дел од учењето на фенг шуи.

Потрудете се во домот да имате барем еден од овие прекрасни симболи на добрата среќа.

Потковица – со векови наназад се смета за симбол на добрата среќа и доколку може да набавите потковица, добро е да ја имате во домот.

Фенг шуи симболи и амајлии за добра среќа, фенг шуи, негативна енергија, потковица, насмеаниот Буда, кинески знак на среќата, бамбус, amajlija, feng shui, bambus, nasmeaniot buda, potkovica

Насмеаниот Буда – доколку наидете на украсна фигура која го претставува насмеаниот Буда, не двоумете се да ја купите. Оваа фигура се чува во домот заради благосостојба, среќа, успех, здравје... Всушност, фенг шуи го поврзува насмеаниот Буда со сè што е добро и позитивно.

Фенг шуи симболи и амајлии за добра среќа, фенг шуи, негативна енергија, потковица, насмеаниот Буда, кинески знак на среќата, бамбус, amajlija, feng shui, bambus, nasmeaniot buda, potkovica

Двојниот кинески знак на среќата
Секој предмет на кој е испишан овој кинески знак е одлична амајлија за добра среќа, особено за хармоничен однос меѓу партнерите. Потрудете се да го имате во својот дом!

Фенг шуи симболи и амајлии за добра среќа, фенг шуи, негативна енергија, потковица, насмеаниот Буда, кинески знак на среќата, бамбус, amajlija, feng shui, bambus, nasmeaniot buda, potkovica

Бамбус
Прекрасното растение е едно од најпосакуваните во домот, барем кога фенг шуи е во прашање. Чувањето бамбусот е уште еден начин да дојдете до добра среќа и да се заштитите од негативности.     

Фенг шуи симболи и амајлии за добра среќа, фенг шуи, негативна енергија, потковица, насмеаниот Буда, кинески знак на среќата, бамбус, amajlija, feng shui, bambus, nasmeaniot buda, potkovica

Слон – како украс се среќава во многу домови, а симболизира плодност, заштита и добра среќа.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 7342 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


ПОПУЛАРНО

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 Септември

18 Септември

Во 1961 година е роден Џејмс Гандолфини, американски актер. Џејмс Гансолфини или познат како Тони Сопрано, по својата улога во телевизиската серија „Сопранови“.

© 2020 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус