Животен стил, Фенг шуи

Фенг Шуи советува како да ги поттикнете децата да учат

01 февруари, 00:02

Примената на фенг шуи советите за работното катче на вашето дете овозможуваат добар проток на енергијата, а со тоа и ефикасно и продуктивно користење на времето посветено на учење.

Овие едноставни совети ќе ви помогнат да создадете пријатна работна атмосфера за вашето дете, детето ќе има концентрација и желба за учење, а влијанијата кои му го одземаат вниманието ќе бидат сведени на минимум.


Како да ја поставите работната маса според фенг шуи

  • Работната маса не смее да биде поставена блиску до вратата или ходникот, нити пак да гледа директно на креветот. Во спротивно, вниманието на детето повеќе ќе биде свртено кон игра или одмор, наместо кон учење.
  • Североисточниот дел од собата е најдобрата локација за работната маса, па доколку имате можност, поставете ја токму таму. Добри локации се и северната и источната страна на собата.
  • Работната маса не смее да биде ставена под прозорец, нити пак детето да биде свртено со грбот кон влезната врата на просторијата. И во двата случаи има лош проток на енергија, па детето може да се чувствува несигурно.
  • Најдобрата опција е зад работната маса да има ѕид, а уште подобро ако на ѕидот ставите некоја слика.
  • Иако не треба да гледа директно во вратата, добро е детето да има прегледност кој влегува или излегува од просторијата, па водете сметка да не седи со грбот кон вратата.


Покрај позицијата на работната маса, за добра концентрација и ефикасни учење многу важна е и уредноста на масата.

  • Сите непотребни листови хартија, искршени моливи или пенкала, стари книги кои не ги користи и слично треба да се отстранат, а на работната маса уредно да биде наместен приборот и книгите кои детето во моментот ги користи. Добро е работната маса да има повеќе фиоки, па сè што не се користи, да се смести таму, со цел да се постигне потребната уредност на масата, а со тоа и непречен проток на енергијата.
  • Тркалезна црвена ламба е одличен избор за работна маса, бидејќи го поттикнува елементот поврзан со знаењето и учењето.
  • Уредноста на самата просторија е исто така многу важна. Сите непотребни предмети во периодот на учење треба да стојат на своето место, а не да бидат расфрлани низ просторијата.

Овие едноставни принципи на уредување на работната просторија ја зголемуваат самодовербата и го поттикнуваат учењето, а истите може да се применат и за уредување на канцеларии за возрасните.
 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2800 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус