Фенг шуи Велигденски совети

11 април, 00:05

Во пресрет на еден од најголемите христијански празници – Велигден, при уредувањето на домот и трпезата за неделниот ручек можеби ќе сакате да примените некој од советите на фенг шуи поврзани токму со овој празник.

Советите се наменети за да се создаде атмосфера за хармоничен семеен ручек, а домот да биде место каде ќе циркулира позитивна енергија, токму во духот на позитивната енергија која се шири за големите празници.

Тркалезните трпезариски маси се идеални според фенг шуи, но ретко кој ги има, па доволно е на вашата маса да ставите убав чаршав (фенг шуи советува да биде бел) кој ќе ја ублажи острината на правоаголните маси.

Доколку имате гости за велигденскиот ручек, внимавајте на распоредот на седење. Сопружниците никогаш не треба да ги ставате еден наспроти друг, бидејќи така се шири негативна енергија.

Во однос на декорациите за трпезата, изберете боја според она што сакате да го постигнете: сина за хармонија и нови почетоци, златна за моќ, зелена за младешки дух...

Во вазна ставете свежо цвеќе, па доколку имате можност вазната ставете ја пред огледало, за да се удвои позитивниот ефект, но внимавајте огледалото да не биде поставено спроти прозорците. Цвеќето е симбол на растот и повторното раѓање и секогаш е добредојдено како украс во домот.

За што и да се одлучите, многу важна е и вашата позитивна енергија која уште повеќе ќе го разубави големиот христијански празник.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 7316 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 Март

19 Март

Во 1955 година, во западна Германија е роден познатиот актер Волтер Брус Вилисон, или познат во филмската светска јавност како Брус Вилис. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус