Животен стил, Фенг шуи
Кратки фенг шуи совети за подобар живот
Доколку сакате да го подобрите животот, да внесете мир и хармонија во домот и да создадете пријатна и топла атмосфера, следете ги неколкуте кратки фенг шуи совети и верувајте, резултатите ќе бидат неизоставни.
внесете топлина во домот - наједноставен начин за да го направите ова, а при тоа да не правите големи промени, е да додадете неколку мали перничиња со топли бои на вашиот тросед, фотелја или кревет.
Според фенг шуи традицијата, со внесување на детали во домот со топли бои се избегнува чувството на ладно, а со самото тоа и чувството на негативност.
Вакви и други мали предмети и украси кои не ги зголемуваат многу вашите финансии, можете да ги ставате во сите простории од домот, во бањата, спалната соба, кујната, ходникот – секаде каде што има можност за тоа.
Не мора да бидат само перничиња, може да бидат најразлични украси кои убаво ќе се вклопат во соодветната просторија.
поставете нови правила - секоја нова промена направена во домот или надвор од него, а која на некој начин се однесува на вас, многу пријатно и позитивно влијае на самите вас.
Прегледајте ја храната која ја имате во домот, според фенг шуи традицијата не треба да чуваме храна со поминат рок, истото ова се однесува и на пијалаците.
Обичните сијалици заменете ги со штедливи – не само што ќе добиете подобра светлина, туку домот ќе биде попријатен и многу повеќе енергетски ќе зрачи.
промени на влезната врата - навиката отпадоците да ги оставаме веднаш до влезната врата на домот е многу штетна за фенг шуи енергијата која сакаме да ја запазиме и постигнеме во домот.
Затоа отсега, доколку имате отпадок кој треба да го фрлите, различни стари непотребни предмети, списанија и слично, ви препорачуваме во најбрзо можно време да се ослободете од нив. На овој начин ќе имате хармонична фенг шуи енергија во домот.
ослободете се од старите непотребни работи - сé што имате во домот, а не сте го употребиле на било каков начин повеќе од две години, ви препорачуваме веднаш да го фрлите.
Ако станува збор за облека – подарете ја во некоја хуманитарна организација, ако тоа се списанија кои воопшто повеќе не ги прелистувате – однесете ги во библиотека.
Фенг шуи традицијата нè учи дека ослободувањето од старите и непотребни работи значи и ослободување од негативна енергија.
Доколку се ослободите од сé што не ви е потребно и корисно, ќе си направите место за нови работи, кои треба во иднина да се внесат во домот.
пријатна атмосфера – средете го вашиот дом по ваш вкус, ставете ги во него работите кои на некој начин ве прават среќни и ви будат пријатни спомени. Вака ќе бидете поопуштени и порелаксирани, а вашето позитивно расположение ќе влијае на сите останати членови во домот, па така во вашиот дом ќе имате многу позитивна и пријатна атмосфера.
Додади коментар