Животен стил, Фенг шуи

Фенг шуи совети за подобро здравје

04 февруари, 07:25

Фенг шуи техниката која се користи за уредување на просторот, во светот зема сѐ поголем замав.

Некои луѓе почнуваат да го уредуваат нивниот дом според фенг шуи поради тоа што мислат дека тоа е модерно и дека на таков начин ќе бидат во тек со светските модни трендови кои се применуваат за уредување на домот, а некои пак навистина веруваат дека постои поврзаност помеѓу местоположбата на предметите во домот и енергијата која струи низ домот.

Ако вие сте едни од оние кои веруваат во енергијата предизвикана од фенг шуи техниката, тогаш ова е вистинскиот избор за вас.

Со овие неколку едноставни совети ќе го подобрите вашето здравје и ќе имате благосостојба во вашиот дом.


- Не употребувајте премногу кристални и камени украси, бидејќи доколку во домот има поголема количина на земјени елементи, се влошува варењето на храната на оние кои живеат во него, се јавува несоница и чести главоболки.


- Кога сакате да се одморите, во вашата спална соба запалете свеќа од пчелин восок. Ваквите видови на свеќи испуштаат јони во воздухот кои позитивно делуваат на здравјето и на продолжување на животот.


- Доколку живеете во куќа, во дворот засадете колку што е можно поголем број на борови. Се верува дека тие покрај што го прочистуваат воздухот, во него испуштаат голема количина благотворна енергија.


- Ако често чувствувате жед и имате проблем со дијабетес, во вашиот дом нека преовладува мермерот, каменот или гранитот. Енергијата која се наоѓа во овие материјали ќе работи во полза на вашето здравје.


- Плитките дишења и проблемите со астма се решаваат со внесување на метални украси во домот, чија енергија ќе ви помогне правилно да дишете.  


- Ќе бидете многу поздрави ако во трпезаријата или во дневната соба во вода ставите бамбусово дрво кое е симбол на просперитет.


- При проблеми со џигерот најдобро е во домот да поставите дрвени предмети, чија енергија благотворно ќе влијае на внатрешните органи, особено на желудникот и џигерот.


- Кујната треба да е обоена во светли бои. Темните бои на ѕидовите се извор на лоша енергија. За да избегнете таква лоша енергија обојте ги ѕидовите во пастелни бои и подобрете го вашето и здравјето на вашето семејство.


- Преголема употреба на жолта боја во домот симболизира грижи и неспокој, а истовремено ја зголемува веројатноста за настанување на многу болести. Затоа избегнувајте ја жолтата боја. 


- За да го задржите здравјето во домот не употребувајте кактуси и други остри цвеќиња како украс. Наместо нив одгледувајте цвеќиња кои имаат заоблена форма на листовите.


- Ако сакате сите членови на вашето семејство да бидат здрави и среќни, ручајте на тркалезна или овална маса. На овој начин енергијата ќе струи подеднакво кај сите и ќе ве направи да бидете посилни и поодлучни. 


- На прозорецот ставете било каква фигура од брусен кристал, која ќе ја неутрализира негативната енергија која доаѓа од уличното осветлување. На овој начин ќе избегнете настанување на било какви здравствени проблеми.


Применувајте ги советите кои ви ги нуди оваа фенг шуи техника и секогаш бидете здрави, позитивни и расположени.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3447 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2017 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус