Животен стил, Фенг шуи

Фенг шуи ве советува како да внесете љубов и среќа во спалната соба

28 септември, 06:27

Според фенг шуи филозофијата, спалната соба е најважната соба во домот. Таа е соба во која треба да циркулира позитивна енергија, соба која треба да влегува природна светлина, треба да има бои кои одговараат како за во спална соба и креветот треба да е во добра положба.

Во зависност од уредувањето на спалната соба зависат односите со партнерот доколку живеете во заедница, или привлекувањето на сродна душа доколку живеете сами.

Проблемите кои настануваат во брачниот живот како што се огорченост, недоразбирање, неверство, расправии и емотивна оддалеченост се резултат на негативната енергија која провејува и преовладува во спалната соба. 

Доколку сакате да им ставите крај на било кои од спомнатите проблеми, следете ги фенг шуи советите за уредување на спалната соба и уживајте во вашиот љубовен живот со вашиот партнер.


- Бојата во спалната соба игра голема улога во подобрување на љубовниот живот. Сината боја симболизира одмор, светло розовата е симбол за среќа во заедничкиот живот, белата боја е симбол за смиреност. 
Секоја боја има одредено значење според фенг шуи учењето, па доколку сакате да подобрите одреден аспект од вашиот живот, најдобро е да се консултирате со луѓе кои го уредуваат просторот според фенг шуи техниката и кои исто така ќе ви изработат индивидуална карта за просторот во кој живеете, за да видите која боја треба најмногу да биде застапена во вашиот дом.


- Положбата на креветот е уште еден важен елемент за подобрување на љубовниот живот. 
Најдобро е креветот да биде поставен паралелно со влезната врата во спалната соба.

Во никој случај не треба да се спие на кревет на кој нозете ќе ви бидат свртени кон влезната врата.

Доколку условите во спалната соба не дозволуваат поголеми промени кои ќе доведат до подобрување на состојбата, доволно е помеѓу креветот и вратата да поставите параван кој ќе го блокира погледот кон вратата - што според фенг шуи не е добро.

Најдобро е креветот да биде изработен од дрво и да е ваш сопствен, а не наследен од некои ваши предци, бидејќи во таков случај можно е да ги наследите сите проблеми кои ги имале и вашите предци.

Полиците кои се наоѓаат над креветот, нередот околу креветот, како и затрупаноста со плакари околу креветот даваат чувство на несигурност, тежина и чести главоболки.

Најдобро е околу креветот да нема ништо за да може енергијата да циркулира, а воедно ваквата положба е и симбол за нови познанства или обновување на врската.

За да се подобри комуникацијата и да се зголеми среќата во врската, според фенг шуи најдобро е да се постават две розови или црвени свеќи во кристални свеќници од двете страни покрај креветот.


- Плакарите и регалите кои најчесто ги ставаме во спалните соби треба да бидат во хармонија со креветот. Најдобро е да се поставени во паралелна положба со креветот, да се со неутрални бои и да се оддалечени од самиот кревет најмалку еден метар. 

Доколку имате огледало во спалната соба тоа никако не треба да е поставено спротивно од прозорецот и спротивно од креветот. Таквата поставеност само ги влошува односите со партнерот, а доколку сте осамени многу потешко ќе можете да воспоставувате нови познанства. 


Со примената на спомнатите совети за многу кратко време на само што ќе почувствувате подобрување на меѓусебните односи со партнерот/партнерката, туку ќе почувствувате подобрување и во сите сегменти на животот.

Пробајте и уверете се самите бидејќи нема што да загубите, а верувајте дека можете да добиете многу!


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 5975 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус