Фенг шуи

Боите во домот

20 јуни, 01:55

Боите кои свесно или несвесно сме ги внеле во домот нè отсликуваат самите нас.

Според Фенг шуи, потребно е да се посвети внимание на правилниот избор на бои поради нивното влијание врз нашето расположение.

Во основа, боите може да ги поделиме на поволни и неповолни за одреден дел од домот. Секогаш треба да се внимава и на нијансата и на интензитетот на бојата. Во простории како дневна соба или кујна, се внесуваат поинтензивни бои, додека во простории за одмор се препорачуваат благи нијанси.

За големите површини, како што се ѕидовите, теписите, покривките, избегнувајте ги силните бои. Овие бои во просторот се внесуваат со помали парчиња мебел, декор и украсни предмети. 

Не заборавајте, при изборот на бои, нивниот интензитет и карактеристики, да обрнете внимание на вашата реакција на одредена боја.

Важно е да се постигне хармонија во просторот и да се усогласи уредувањето по сопствен вкус.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 6965 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

16 април

16 април

Во 1889 година е роден Чарли Чаплин, јунакот на немите филмови, режисер, комичар и композитор.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус