Фенг шуи

Дајте ѝ енергија на водата која ја пиете

19 јуни, 08:59

Ако водата значи живот, замислете што сè може да направи чаша вода која е полна со добра енергија.

Збогатувањето на водата со добра енергија е древен ритуал кој се применува во фенг шуи и некои други учења на внесување позитивна енергија и хармонија во секојдневниот живот.

Според овие учења, со нашите мисли можеме да ја промениме структурата на водата, да ѝ дадеме живот и енергија кои потоа ќе ги внесеме во нашето тело.

Ритуалите се многу едноставни, и иако можеби ќе ви изгледаат необични, оние кои ги практикуваат тврдат дека благодетите се навистина големи.

Како да ѝ дадете енергија на водата која ја пиете?

Енергијата на дланките е поврзана со енергијата на срцето, затоа, нежно држете ја чашата со вода со дланките и дајте ѝ ја енергијата која ви е потребна. Сè што треба да направите е да ги изговорите зборовите кои ги претставуваат емоциите кои сакате да ги внесете во водата, а потоа преку водата и во вашето тело. Љубов, радост, здравје, надеж... Неколкупати повторете го зборот, искрено и со верба, потоа испијте ја водата.

Ако ви е потребна хармонија и мир во домот, изговорете ги тие зборови, потоа со прстите испрскајте ја водата низ домот. На овој начин, во вашиот дом внесувате позитивна енергија која ќе ви донесе токму мир и хармонија. 

Во стаклено шише ставете вода и оставете ја 24 часа на дневна светлина, на место каде ќе биде изложена на сонце. На овој начин повторно добивате вода богата со енергија која можете да ја користите за пиење или за внесување енергија во домот.

Водата збогатена со добра енергија и позитивни емоции навистина може да прави чуда. Колку и да изгледа чудно и необично, обидете се и применете го древниот ритуал. Секоја чаша вода, за вас или вашите најмили, збогатете ја со добри желби и позитивни емоции и проверете зошто овој ритуал се применува и денес.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3029 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус