Фенг шуи

Едноставни и практични фенг шуи совети

24 ноември, 10:00

Уредувањето на домот според кинескиот фенг шуи метод во светот зема сѐ поголем замав. 

Сѐ повеќе луѓе се одлучуваат својот дом да го уредат според фенг шуи принципите и правилата, бидејќи веруваат дека на тој начин протокот на енергијата во домот ќе биде подобар и дека во домот ќе завладеат мирот и хармонијата. 

Постојат строго одредени принципи врз кои се темели овој кинески метод, па затоа истиот до сега се има покажана и како многу успешен. 

Некогаш е потребно да се направат само неколку мали и едноставни промени, благодарение на кои ќе се подобри квалитетот на животот.

Во продолжение информирајте се за тие мали промени и доколку одлучите да ги примените и реализирате, уживајте во позитивните ефекти, кои за многу кратко време ќе настапат во вашите животи.

Огледалата го прошируваат просторот - огледалото поставено на некој ѕид во домот, покрај што ќе предизвика илузија дека просторијата е поголема и поширока, исто така ќе внесе и поголема светлина во домот.
Поради илузијата која ја предизвикуваат огледалата, најдобро е да се поставуваат во ходниците и во помалите простории од домот.


Свежиот воздух лекува - во просторија која ретко се проветрува воздухот е застоен, а таквиот воздух е лош за енергијата на сите кои престојуваат во домот. 
Поради тоа, секоја просторија во која се поминува поголем дел од денот треба почесто да се проветрува.


Малку значи многу - со отстранување на мебелот кој е непотребен и кој на некој начин е вишок во домот, ѝ правите огромно добро на енергијата која ќе има подобар проток и кај сите ќе предизвикува позитивни влијанија.


Важноста на боите - внимателно одберете кои бои ќе преовладуваат во домот. Омилените бои и боите кои ви се допаѓаат кај вас ќе предизвикуваат позитивно расположение и позитивно ќе ви делуваат во секој сегмент од животот, па затоа бидете опкружени со вашите омилени бои.


Растенијата смируваат - било кои видови на цвеќиња посадени во саксии и други видови на растенија внесуваат мир во домот. Растенијата побудуваат позитивни и пријатни чувства и истовремено го прочистуваат и освежуваат воздухот.


Чистотата во домот - за да има добар проток на енергијата низ целиот дом, многу е важно домот секогаш да биде добро уреден и чист и сѐ да е на свое место. Доколку не водите грижа за чистотата на домот, се јавуваат чувства на незадоволство и напнатост, кои се резултат на блокирана енергија во домот.


Кујната треба да биде добро осветлена - за постигнување на овој ефект, во кујната поставете повеќе извори на светлина, таму каде што дозволува просторот и местото. 
Сѐ повеќе практиканти на фенг шуи методите посебно внимание посветуваат на овој детаљ. 


Спалната соба е многу важна - енергијата која треба да преовладува во спалната соба треба да е смирувачка, но во исто време и возбудлива. За да постигнете ваква енергија во спалната соба, отстранете ги од неа сите електрични апарати и уживајте во релаксирана и опуштена атмосфера.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3028 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус