Фенг шуи

Фенг шуи совети за одличен старт на Новата Година

28 декември, 07:02

Советите на фенг шуи секогаш имаат за цел да ја стимулираат позитивната енергија и да донесат здравје, мир и благосостојба.

Покрај секојдневните ритуали за убав ден, древната уметност на акумулирање позитивна енергија подучува како успешно да се започне секоја година и домот да се подготви за пречек на еден посебен гостин – годината која ни доаѓа.

Следејќи ги новогодишните фенг шуи совети, вашиот дом ќе биде подготвен за вистински дочек на Новата Година, а вратата ќе ви биде широко отворена за нови можности и успеси.

Новата година е на прагот, затоа фатете се за работа и имајте одличен старт во 2015!


Ослободете се од старата година

Повеќето фенг шуи совети за успешен стар на Новата година се поврзани со ослободувањето од старите нешта и нередот во домот.

Исчистете ги плакарите, фиоките, шкавчињата, фрлете ги старите весници и списанија, непотребната облека, старите поткршени шолјички за кафе..., сè она што не користите. На тој начин ќе направите место за нови нешта и ќе овозможите слободен проток на енергијата.

Исчистете го фрижидерот и ослободете се од сите речиси празни теглички кои ги чувате во него, бидејќи старата храна не е добар почеток на годината која следи. Потоа наполнете го фрижидерот со нова и свежа храна.
 

Нешто ново во Новата Година

Откако убаво ќе го исчистите домот и ќе се ослободите од непотребните нешта, време е да внесете нешто ново.

Сменете ја постелнината, или уште подобро, ако сте во можност ставете потполно нова.

Во паричникот ставете си пари (па дури и ако ви се планирани за нешто, само нека не е празен за Нова Година!) или пак купете си нов паричник. На овој начин ќе внесете позитивна енергија во финансиска смисла.

Подгответе се за добри вести на тој начин што ќе ставите златно ѕвонче во северозападниот агол од домот. Ѕвончето ги симболизира добрите вести кои ќе доаѓаат до вас цела година.

Во чинија во дневната соба ставете портокали (најдобро е да се 8, 9 или 10 бидејќи тие се броевите на напредок). Портокалите симболизираат исполнет и плоден дом.

Нахранете ги птиците, оставете им пченица или леб на балконот и прозорците. Птиците се многу важни за фенг шуи и се смета дека носат добри вести.

Радувајте се, направете забава за најблиските, смејте се... Позитивната енергија која зрачи од вас ќе се пренесе и во вашиот дом.

Сè што ќе направите со љубов и позитивна енергија ќе претставува одличен старт во годината која доаѓа и ќе ви донесе убави моменти и благосостојба.

Не заборавајте и на другите практични фенг шуи совети за убав и спокоен дом.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 5369 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус