Фенг шуи

Фенг шуи и новите почетоци

29 март, 00:39

Секое годишно време е поврзано со еден од елементите на фенг шуи.

Пролетта ја носи енергијата на дрвото кое пак симболизира раѓање, креативност, сила, нови почетоци.

Според фенг шуи, најдобриот начин да започнете ново поглавје во вашиот живот е токму пролетта, со сите бои и мириси кои ги носи, но и со дождот кој претставува вистински благослов за земјата.  

Дождливите денови се одлична можност да се поврзете со енергијата која обновува и отвора нови почетоци. Отворете го прозорецот, слушајте го ритмичното тропање на дождовните капки, поврзете се со природата.

Дождовната бура секогаш носи промена на енергијата, и токму тоа е одлично време за пролетното чистење на домот.

Колку и да не го сакате, токму ова пролетно чистење и ослободување од сите непотребни нешта во домот е првиот чекор кон новото поглавје и позитивната енергија.
За сите оние на кои им недостига организација, тука се фенг шуи советите за ослободување од нередот во домот.

Сончевите денови искористете ги за прошетка во природа, но немојте да бидете само нем посматрач. Поврзете се со природата, забележете како секоја тревка се буди, се обновува, одново се раѓа... Почувствувајте ја таа силна енергија која обновува и дозволете ѝ да влезе и во вашиот живот.

Вдишете ја пролетта, радувајте му се на дождот, поздравете го сонцето, исчистете го домот, и веќе сте подготвени за нови и убави нешта кои ги носи енергијата на пролетта.

 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2840 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус