Фенг шуи

Фенг шуи и боите на облеката

01 ноември, 06:53

Изборот на бојата на облеката е уште еден од многуте дневни фенг шуи ритуали за хармонија и благосостојба.

Според фенг шуи, секоја боја има свое значење, па при изборот на она што ќе го облечете денес, треба да се водите од целта која сакате да ја постигнете овој ден. Така на пример, ако денес сакате денот да ви биде добро организиран, треба да облечете сива облека, бидејќи сивата боја меѓу другото претставува и добра организација.  

Значењето на боите според фенг шуи

Црна/сина = комуникација, кариера, индивидуални креативни постигнувања
Тиркизна/морнарско зелена = академски постигнувања, себе развивање, стекнување знаење
Зелена = независност, напредок, нови вложувања и почетоци
Жолта/златна = партнерство, мајчинство, брак
Сива/сребрена/бела = организираност, општествена и семејна одговорност, привлекување луѓе кои ќе ве поддржат, наоѓање ментори
Црвена = слава, награда, реализација на она што сте го започнале
Розова/боја на праска = романса.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1724 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус