Фенг шуи

Фенг шуи против несоницата

28 јули, 03:08

Несоницата е навистина голем проблем кој не само што ве попречува нормално да функционирате преку ден, туку и ви предизвикува нервоза и раздразливост.

Што всушност значи несоница или лошо спиење?

Оваа појава може да се подели на три дела:
- Ви треба подолго време за да заспиете;
- Често се будите во текот на ноќта;
- Се будите рано и не можете повторно да заспиете.

Доколку се соочувате со некој од овие проблеми, обидете се со советите на фенг шуи за добар и квалитетен сон.

На што треба да обратите внимание за добар сон

Спалната соба не смее да биде премногу светла наутро. Ставете завеси, спуштете ги ролетните или венецијанките, со цел во утринските часови да нема премногу светлина.
Од друга страна пак, спалната соба која преку ден е во темнина содржи енергија која ви создава проблеми со сонот. Откако ќе се разбудите, тргнете ги завесите, пуштете ја светлината во спалната со цел да се наполни со добра енергија која непречено ќе циркулира.


Креветот треба да биде поставен на начин што ќе можете да ја гледате влезната врата во спалната, но нема да бидете во директна линија со неа.
Кога станува збор за положбата на креветот, не се препорачува да биде ставен до ѕид на кој од спротивната страна има водовод.


Полиците или парчињата мебел поставени над главата ја блокираат енергијата, а истото се случува и доколку под креветот чувате многу нешта. Малку постелнина или облека е сосема во ред, но премногу нешта складирани под креветот негативно се одразуваат на вашиот сон.


Малите ноќни масички и ламбите се дозволени, но не смеат да до допираат креветот, па оставете малку простор помеѓу нив. Всушност, сè што се наоѓа во линија на главата и допира до креветот ја блокира енергијата.


Мобилниот телефон кој го чувате до главата е уште една причина за бессона ноќ, исто како и телевизорот кој го оставате вклучен додека спиете.


Мирисот на лаванда, ванила или цимет е одличен за добра и смирен сон. Пред спиење запалете свеќа со некој од овие мириси, за да создадете опуштена и релаксирана атмосфера во спалната соба.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2865 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус