Фенг шуи

Фенг шуи во вашата канцеларија

07 јуни, 05:48

Работното место е дел од нашето секојдневие каде поминуваме голем дел од денот.
Доколку работите во канцеларија, неколку фенг шуи совети можат многу да ви помогнат за воспоставување хармонија и позитивна енергија на работното место.

Канцелариите уредени според фенг шуи се пријатни места каде хармонијата ја зголемува вашата продуктивност, позитивно влијае на односите со колегите и ви помага побрзо и полесно да ја завршите работата.

Иако не можете да го поместувате канцеларискиот мебел по ваша желба и да правите големи промени, можете да направите неколку едноставни нешта кои според фенг шуи ќе ве заштитат од негативната енергија и ќе го направат вашето работно место пријатно и продуктивно катче.

Прегледност на влезната врата

Според фенг шуи многу е важно да имате прегледност на влезната врата во канцеларијата, особено ако бирото ви е поставено на начин на кој со грбот сте свртени кон влезната врата. На бирото ставете предмет со метален сјај кој колку толку ќе послужи како огледало, па ќе може да гледате што се случува зад вас.

Избегнувајте поглед на ѕидовите

Доколку бирото е поставено на начин на кој сте свртени кон ѕидот, погледот на ѕидот прави бариера и ја блокира енергијата.  Ставете слика со пејзаж или птици на ѕидот, а доколку не можете или не смеете, на бирото ставете поголема рамка со некоја убава слика.

Избегнувајте да седите лице кон лице со колегите

Доколку пред вас постојано го гледате лицето на колегата, помеѓу вас ќе се јават спротивставени енергии кои негативно се одразуваат. Обидете се да го поместите вашето биро за да избегнете во видното поле постојано да имате некој од колегите.

Природна светлина и свеж воздух

Природната светлина е многу важна за доток на енергија, исто и свежиот воздух. Редовно проветрувајте ја канцеларијата и задолжително ставете зелено растение кое ќе внесе свежина и убавина.

Уредно биро

Уредноста е многу важна за правилно течење на позитивната енергија. Ослободете се од сите непотребни предмети кои стојат на вашето биро, средете го работниот простор и направете го работното место пријатно катче каде секојдневно ќе ја чувствувате позитивната енергија.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3870 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус