Фенг шуи

Фенг шуи во вашата кујна

06 јуни, 19:04

Според фенг шуи техниката која се користи за правилно уредување на домот, со цел енергијата правилно и нормално да циркулира низ него, кујната е место во домот кое е симбол за здравје и благосостојба на оние кои живеат во него. 
Ако постои место во домот кое е олицетворение на љубовта, исхраната, знаењето и здравјето, според фенг шуи тоа секако е кујната, па поради тоа уредувањето на оваа просторија по оваа техника е една од најважните работи за кои се залага ова учење.

Постојат безброј фенг шуи правила кои ги користи оваа техника, но во прилог на статијава ќе ги спомнеме само оние, кои на некој начин се најважни и најкорисни според ова учење.

  • Во секоја кујна најзастапени се два елементи кои се многу важни за фенг шуи, тоа се водата и огнот. 
    Кога се зборува на вода се мисли на мијалникот, фрижидерот и машината за садови, а огнот му припаѓа на електричниот шпорет и микровалната печка. Од причини што, кога овие два елементи се многу блиску еден до друг делуваат деструктивно и ја нарушуваат рамнотежата во домот, треба да се направи правилен распоред на предметите и да се одвојат едни од други. Предметите кои се симбол на овие елементи не треба да бидат ниту едни до други, ниту едни над други и ниту едни спроти други.
  • Сите апарати кои се користат и се наоѓаат во кујната треба да бидат исправни и да функционираат, затоа доколку имате во вашата кујна апарат кој не работи - отстранете го.
  • Ако има прозор во кујната и ако местото ви дозволува да може да правите промени, најдобро е мијалникот да биде веднаш под прозорот.
  • Сите остри предмети, како ножеви, виљушки и друго наместо да ги чувате над работната површина или обесени на ѕид, најдобро е да ги приберете во некоја од фиоките.
  • Најдобро е кујната да биде изработена од природни дрвени материјали и да е во светло зелена боја.
  • Потрудете се кујната секогаш да ви биде средена, се да е ставено на свое место, да биде добро осветлена и секогаш проветрена.
  • Според фенг шуи најважно е кујната да не биде пренатрупана со секакви работи на кои местото не им е во неа. На работните површини и полиците треба да го има само она на кое навистина местото им е таму. Сѐ што не припаѓа за на тие места, ставете го на друго место.
  • Положбата на електричниот шпорет е исто така многу важен момент во кујната. Шпоретот треба да се наоѓа на точно одредено место во кујната, за да оној кој готви на него да не биде со грбот свртен кон вратата со цел да може да гледа кој влегува и излегува од просторијата. Шпоретот не треба да се поставува на северозападен ѕид, под прозорец и веднаш под столб - носач.

Доколку вашата кујна е веќе средена и немате многу можност за да правите големи промени а сакате да ги почитувате принципите на фенг шуи техниката, постојат неколку совети, кои во голема мера ќе ја ослободат насобраната енергија и ќе и дозволат повторно слободно да циркулира низ целиот дом. Овие се тие совети:

  • Ако немате можност да го промените местото на електричниот шпорет, ставете огледало веднаш над него на ѕидот,  за да можете да гледате кој влегува или излегува од кујната.
  • Ако електричниот шпорет, фрижидерот и машината за садови се поставени така да се многу блиску еден до друг, помеѓу нив, веднаш на ѕидот, поставете некој украс направен од керамика во зелена или светло сина боја. Овој украс ќе ја неутрализира негативната енергија предизвикана од блиското растојание на апаратите.
  • На подот во кујната поставете килим или друга подна покривка исто така со зелена или светло сина боја.
  • Ако ви дозволува просторот на целиот под во кујната поставете нови зелени или светло сини плочки.
  • Доколку сте љубители на цвеќиња и не можете без нив да го замислите изгледот на домот па и на кујната, изберете цвеќиња кои имаат заоблена форма на листовите, секогаш избегнувајте ги кактусите, сувото или пластичното цвеќе. Бамбусовото дрво според фенг шуи најдобро се вклопува во кујната.

Со примена на овие неколку едноставни совети, вашиот дом ќе зрачи со позитивна енергија. Љубовта, почитувањето и духовното напредување ќе бидат загарантирани на оние кои живеат во домови, чии простории ќе бидат уредени според фенг шуи техниката. Доколку сакате и вие да бидете едни од нив, уредете го вашиот дом според оваа техника и уживајте во нејзините предности.

 

 

 

 

 

 

 

 

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 6027 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус