Фенг шуи

Фенг шуи во вашата трпезарија

12 јуни, 18:15

Кога станува збор за трпезаријата, се мисли на просторот во домот во кој е сместена трпезариската маса, на која се собира целото семејство за време на оброците, а особено за време на ручекот.

Според фенг шуи, поставеноста на трпезаријата е од особена важност, ако се сака да се има правилен проток на виталната енергија во целиот дом.

Просторијата во која целото семејство се собира заедно, како за време на ручек, така и за време на прославување и одбележување на значајни моменти и празници, треба по можност да се наоѓа во средишниот дел на домот.
Трпезариската маса заедно со се столовите, ја симболизираат целокупната фамилијарна среќа, влијаат на меѓусебниот однос помеѓу членовите на семејството и истовремено влијаат на способноста на семејството да создава и да ја одржува нивната среќа и богатство. 

Затоа многу е важно трпезариската маса да биде поставена во центарот на трпезариската просторија бидејќи поинаку кажано, е срцето на секој дом.

Фенг шуи ве советува на што да внимавате кога ја уредувате трпезариската просторија  и трпезариската маса.

- Масата секогаш треба да се наоѓа во близина на кујната, но да е доволно оддалечена од влезната врата во трпезариската просторија.


- Поставеноста на масата во просторијата треба да дава чувство на пространство. Многу е важно да има доволно простор помеѓу секој стол, за секој да може без проблем и слободно да станува и да се поместува. Масата треба да е оддалечена колку што може повеќе од ѕидовите.


- Трпезариската просторија треба да е добро осветлена за да може виталната енергија да циркулира без никаков проблем. 
На вечер, дополнителната светлина добиена од свеќи само ќе ги направи вечерите многу поромантични и ќе ги задоволи сите вкусови.


- Убаво е на некој од ѕидовите каде е поставена трпезариската маса да се постави поголемо огледало. Покрај што визуелно ќе го зголеми просторот, огледалото симболички исто така ќе ја зголеми и количината на храна која е поставена на трпезариската маса и при тоа ќе предизвика чувство на благосостојба и изобилство.


- Треба да се внимава трпезариската маса да не се поставува помеѓу две врати во просторијата, и да не се наоѓа веднаш под носечки столбови во домот, кои на некој начин симболизираат уништување на среќата на оние кои често седат на трпезариската маса и престојуваат во домот.


Со следење на овие неколку едноставни фенг шуи совети, уредете го домот по ваш вкус и бидете сигурни дека во него секогаш ќе преовладува позитивна енергија, ќе преовладува чувство на смиреност и опуштеност.  


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 6794 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус