Фенг шуи

Како да ја уредите вашата градина?

25 март, 11:14

Пролетта веќе пристигна, цветовите се подготвуваат да ги отворат своите први пупки, а тревата која никнува каде што ќе посака се раззеленува, па за скоро ќе стане проблем. Проелетта е прекрасно годишно време кога сите нежни и весели бои се расфрлаат по природата. Но, вашата градина не е средена, па наликува на планинска ливада?

Време е да посветете внимание на вашата градина, на распоредот на цвеќињата, како и на просторот кој треба да биде градина, а не и плус нешто друго.

Според фенг шуи ви предлагаме да ја уредите градината во стилот на Кинеските класични градини. Овој стил е развиен пред повеќе од 3000 години. Кинеската градина е оградена со ѕид, а во неа има неколку бари, дрвја, цветови, патеки, цик-цак галерии, како и простор за прием на гости.

Во литературата за кинеската градина се разликуваат неколку типови на простор за гости, итоа:

  • Церемонијална хала или Тинг/Танг - се гради недалеку од влезот на дворот и најчесто се користи за семејни прослави и церемонии.
  • Главен павиљон за прием на гости - се користи за прослава на банкети, празници, за фестивалот на фенерите; треба да има тераса и истата да биде под добра сенка.
  • Павиљонот на цвеќето треба да биде во близина на домот, а дворот треба да биде полн со цвеќиња, растенија и градина изградена од мали камења.
  • Павиљон со четири насоки чии ѕидови треба да се подвижни за во секое време да може да се направи со панорамски поглед кон градината.
  • Лотос павиљонот се гради веднаш до барата лотос за да може да се набљудуваат цветовите во периодот кога цветаат, притоа чувствувајќи ја нивната арома.
  • Павиљонот на мандаринските патки е објект поделен на два дела. Северниот треба да биде во делот од дворот каде се насадени дрвја за сенка, до барата лотос, до цветовите, а јужниот дел во делот од дворот каде се засадени боровите дрвја и дрвјата кои на пролет почнуваат да цветаат, најавувајќи ја пролетта.

Погледнете кои елементи се застапени во Кинеската градина преку слики:

Павиљони

Камења и вештачки планини

Барa

Цвеќина и дрвја


Кинеската градина воспоставува рамнотежа меѓу Јинг и Јанг, ја внесува хармонијата во вашиот двор, што позитивно ќе влијае на вашето расположение.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 5605 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус