Фенг шуи

Растенија за позитивна енергија во домот

14 септември, 00:05

Древната уметност на уредување на домот позната како Фенг Шуи е тесно поврзана со протокот на животната енергија и нејзиното насочување, со цел да се воспостави хармонија во домот, мир и благосостојба.

Растенијата имаат важна улога во насочувањето на енергијата и хармонијата во домот.
Според  Фенг Шуи, дрвенестите растенија и бамбусите се одлични за ширење на позитивна енергија.

Дрвото е еден од петте основни елементи на оваа древна уметност и симболизира креативност, раѓање и регенерација.

Всушност, сите растенија шират позитивна енергија бидејќи го прочистуваат воздухот и помагаат животната енергија да циркулира низ домот.

Позитивна енергија во домот ќе донесат сите растенија кои имаат дебели листови, или листови во форма на срце, како што се фикусот, бегонијата, орхидејата, љубичицата и слично.
Најдобро е да се чуваат во јужниот, источниот или југоисточниот дел од просториите, а доколку има можност, зелено растение треба да се стави и на влезот во домот.

Пријатната миризба исто така шири позитивна енергија, па убаво е да чувате и растенија чии цветови шират пријатен мирис.
Природното цвеќе во вазна треба да се чува во средина на просторијата за да ги впива мирисите и штетната енергија.

Избегнувајте растенија со остри листови и суво цвеќе, како и растенија со боцки, особено кактуси.

За какво растение ќе се одлучите останува на вас, важно е да гледате на растенијата како на неразделен дел од вашето опкружување и да ја почувствувате позитивната енергија во вашиот дом.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 11611 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус