Фенг шуи

Совети за уредување на дневната соба според Фенг Шуи

23 март, 00:02

Дневната соба е просторот во кој го поминуваме најголемиот дел од времето.
Поради тоа оваа просторија треба да биде удобна, уредена по наш вкус, да ни буди пријатни чувства, да нè опушта и релаксира. 

Фенг Шуи техниката, која се користи за да создаде позитивна енергија во домот, е токму тоа што ви треба за правилно да ја уредите вашата дневна соба.
Техниката се користи за да се создаде слободен проток на позитивна енергија во домот, која ќе се рефлектира и врз вашето расположение. 

Дознајте како да ја уредите вашата дневна соба според Фенг Шуи со неколкуте лесни совети:

  • обидете се центарот на вашата дневна соба да биде секогаш отворен, да нема никакви предмети, маса и столови во средината на собата. На овој начин ќе ѝ дозволите на енергијата слободно да се движи низ целиот простор, без да наидува и да се одбива од разни предмети;
  • малку е доволно - ова важи за мебелот кој треба да зафаќа колку што е можно помалку простор, треба да биде минимален и навистина неопходен. Сѐ што е претерано многу, покрај што изгледа невкусно и натрупано, го блокира слободниот проток на позитивната енергија во домот, а со самото тоа се предизвикува негативно расположение; 
  • избегувајте да го уредувате мебелот во облик на буквата L. На овој начин само ќе создадете нерамнотежа во просторот, домот и околината;
  • осветлувањето е многу важно – бидете сигурни дека имате доволно природна светлина која го осветлува целиот простор во дневната соба. Не ставајте дебели завеси на прозорците туку искористете го целиот нивни расположлив простор. На местата на кои тешко допира дневна светлина поставете вештачко осветлување, кое во комбинација со природната дневна светлина дневната соба ќе ја претвори во најпозитивната просторија од вашиот дом;
  • бојата на ѕидовите треба да ја одразува рамнотежата помеѓу елементите на земјата, дрвото, водата, металот и огнот во целиот дом. Доколку одлучите бојата на ѕидовите во дневната соба да биде во неутрална крем боја, тогаш ѕидовите на друга просторија од домот обојте ги во спротивна боја, на пример во јако црвена. На овој начин ќе се постигне баланс кој ќе придонесе за изедначување на енергијата во целиот дом.

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 13744 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус