Филм

Дали Gravity е главниот претендент за Оскар?

12 ноември, 06:51

Кога ќе направите спој од двајца извонредни актери, одличен режисер, квалитетно сценарио и неверојатни специјални ефекти, резултатот ќе биде високо квалитетен филм за кој долго ќе се зборува.

Џорџ Клуни и Сандра Булок прв пат снимаат заедно, иако се познаваат долго време. „Таа не ми кажува колку долго се знаеме, но сигурно е преку 20 години. Ние сме како брат и сестра, но никогаш не најдовме начин да снимаме заедно, сè до овој филм, за кој знаевме дека ќе биде ремек-дело”  - изјави Клуни за соработката со Сандра Булок.  

Предводени од режисерот Алфонсо Куарон, двајцата актери одлично ги доловија улогите на астронаути кои се обидуваат да се вратат на Земјата, откако нивниот шатл ќе биде оштетен.

Gravity е вистинско ремек-дело, филм во кој толку реално е претставена вселената, што имате впечаток дека екипата навистина снимала токму. За да се долови впечатокот дека актерите лебдат во вселената, тие беа сместени во посебно изработена кутија висока 6, а широка 3 метри, опремена со 800 000 лед светилки. Снимањето траеше цели 4 години, а во однос на специјалните ефекти режисерот изјави: „Технологијата потребна за да се сработат сите специјални ефекти не постоеше, па моравме да ја измислиме и создадеме. Затоа снимањето траеше толку долго”.

По премиерното прикажување, „Гравитација” доби 97% рејтинг на Rotten Tomatoes, рејтинг кој ретко кој филм го има добиено до сега.
Критиките се одлични, како за актерската екипа, така и за фотографијата, музиката и режијата.

Gravity е вистинска револуција во кинематографијата, па со право може да очекуваме да биде претендент за Оскар во повеќе категории, а Сандра Булок да добие номинација за најдобра актерка.

Филмот носи моќна порака, ни открива дека колку и да е тежок животот и какви и да се нашите болки од загубата, во нас има нешто што нè придвижува, нешто што нè тера да се разбудиме наутро и да најдеме причина да живееме.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1995 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус