Филм
Хич - романтична комедија
17 октомври, 06:43
Романтичната комедија Хич посветена на мажите и нивната несигурност кога станува збор за состаноци со девојките е филм кој се гледа повеќе пати и никогаш не е здодевен.
Советите на љубовниот советник Хич (Вил Смит) предизвикуваат низа комични ситуации во кои запаѓаат и тој и неговите клиенти, а на крај сè се сведува на заклучокот дека најдобро е да бидете она што сте, наместо да се трудите да ги импресионирате жените на начин кој не е својствен за вас.
Интересната приказна, одличната актерска екипа (Ева Мендес, Кевин Џејмс) и неверојатниот Вил Смит ќе ве расположат и ќе ве насмеат од срце. Кој еднаш го гледал, сигурно ќе посака да го гледа повторно.
извор: Мој Портал
автор: Stojkoska Monika
Оваа вест е прочитана 3391 пати.
Додади коментар