Филм

„Крајот на светот“

08 ноември, 00:32

Нивната цел е „Златната милја“ која треба да ја реализираат таа ноќ. 12 барови, петмина „мускетари“, една девојка и неочекувана инвазија на градот. „Крајот на светот“ е приказна за градот во кој населението е убедувано да ја замени својата ДНК за сметка на вечната младост која ќе ја добијат станувајќи роботи.

Гари, еден до петмината мускетари, прв ќе открие што се случува во градот. Сите луѓе околу нив се роботи. При средба со насилен тинејџер во тоалетот, Гари ќе биде зачуден од ситуацијата. Од нивните очи излегува бела светлана, а нивната крв е сина. Како ќе заврши средбата на „петмината мускетари“ кои за прв пат се среќаваат после 20 години ќе дознаете на крајот од комедијата насловена „Крајот на светот“

Станува збор за британски филм, за кој продуцентот Едгар Рајт истакнува дека е комедија, но спаѓа и во групата на научна фантастика. Може ли овој филм да се сфати и како исмевање на „претераните“ теми во најновите научно-фантастични филмови?

 

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2568 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус