Филм
„P. S. I love you“ – потресна драма за животот на млад брачен пар
Во животот кога најмалку очекувате да ја сретнете вистинската љубов нештата сами ќе се подредат и ќе ве вовлечат во нова животна авантура. Холи е млада девојка која има сон да стане уметник, но не знае во што би се пронашла себеси. Додека е на факултет заминува на екскурзија низ Европа, а една од планираните дестинации е прекрасната Ирска каде Холи ќе се изгуби барајќи го националниот парк. Всушност тука и започнува новата етапа од нејзиниот живот. Се запознава со шарамантното момче Џери кој ќе ѝ покаже што е ирски бакнеж и ирска љубов. За кратко заминуваат во Америка каде се венчаваат и започнуваат заеднички живот. Но, како што минува времето Холи постојано е незадоволна, се двоуми дали да имаат дете, се плаши дека нивниот живот не ја задоволува. За жал, таа етапа од нејзиниот живот завршува за кратко. Џери умира, но ѝ остава неколку писма кои ќе ѝ помогнат да продолжи со својот живот. Погледнете ја потресната љубовна приказна за судбината на двајца млади и за животот на младата вдовица.
Ќе најде ли нова љубов за да продолжи? Дознајте во одличната американска драма „P.S. I love you“ базирана на истоимениот роман од Сесилија Ахерн.
Додади коментар