Филм

„Polar express”

24 декември, 02:22

Овој пат како наш предлог филм, или поточно анимиран филм, ви нудиме не толку нов анимиран филм, но поради новогодишната магија која владее насекаде околу нас, токму овој филм одлично ќе се вклопи во секој домашен амбиент.

Филмот е снимен според истоименото дело наменето за деца од писателот Крис Ван Оллсбург и уште од самото негово појавување во 2004 година предизвика низа позитивни реакции од филмските критичари. Стана веднаш популарен помеѓу најмладата публика, но и повозрасната публика не остана рамнодушна на магичната приказна.

Приказната преку магичниот воз нè носи до Северниот пол каде живее Дедо Мраз. Магичниот воз е наменет за деца кои сакаат лично да се уверат дека Дедо Мраз и приказната за него навистина постојат, а помеѓу тие деца е и главниот лик, сомничаво мало детенце, кое на крајот од патувањето се уверува во вистинитоста на приказната.

На режисерската палка на овој неверојатно убав и магичен анимиран филм е потпишан Роберт Земескис, а помеѓу останатите гласови кои ги толкуваат ликовите во филмот се јавува и Том Хенкс со неговиот препознатлив глас.

Магичната Божиќна и Новогодишна приказна провејува низ целиот филм и истата сите нас нè навраќа на приказната за Дедо Мраз.

Возрасните се тие кои треба со внимание да го изгледаат овој детски филм, бидејќи пораката која тој ја носи првенствено е наменета за нив.

Во пресрет на празниците кои ни следат и во топла домашна атмосфера надополнета со новогодишните сијалички и новогодишната елка, погледнете го овој прекрасен анимиран филм и препуштете ѝ се на новогодишната магија.  


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2431 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус