Филм

„Tengo ganas de ti”

02 ноември, 16:55

„Tengo ganas de ti” е втор роман на италијанскиот писател Federico Moccia според кој е снимен и истоимениот филм.

„Tengo ganas de ti” е продолжение на „Tres Metros Sobre El Cielo” во кој продолжува да се раскажува за животот на младиот бунтовник Аче (Марио Касас).

Аче се враќа дома по две години поминати во Лондон. Но, во текот на тие две години, во неговата меморија сé уште силно е врежан споменот за Баби (Марија Валверде), неговата прва, голема, вистинска љубов. Настаните во филмот се променуваат со појавувањето на Џин (Clara Lago). По извесно време Аче сваќа дека треба полека да си го среди својот живот, да создаде нови пријателства, да добие работа, едноставно да започне нов живот и тоа и го прави. Во тоа најмногу му помага Џин, млада, забавна и енергична девојка поради која Аче  повторно ѝ дава шанса на љубовта, но, порано или подоцна средбата со Баби е неизбежна и приказната ја достигнува својата кулминација. Вториот дел на тинејџерската љубовна романса ги надминува рекордите на гледаност насекаде во светот. 

Сега е вистинско време и вие да го погледнете овој филм и да уживате во неверојатните чувства, љубовни емоции и искрена љубов кои преовладуваат во текот на целиот филм.

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 1323 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус