Филм

„The Holiday”

05 декември, 00:12

Токму во овој период од годината кога полека почнува да се чувствува магијата на зимските празници, кога сите се спремаме да го украсиме домот со безброј Божиќни и новогодишни украси, ја започнуваме и нашата потрага по филмови кои уште повеќе ќе го надополнат топлиот празничен зимски амбиент.
Филмови во кои се раскажува за Божиќните и Новогодишните празници има многу и сите тие се посебно убави и неверојатно магични, а токму еден таков филм кој е релативно стар, но кој предизвикува огромно воодушевување кај публиката секој пат кога ќе се погледне е романтичната комедија „The Holiday”.

Филмот раскажува приказна за две жени кои живеат на сосема различни страни од светот. Едната Ирис (Кејт Винслет) живее во Лондон, а другата Аманда (Камерон Дијаз) живее во Лос Анџелес. Двете се незадоволни од нивната моментална љубовна ситуација и барат начин како да си ги направат животите поинтересни, особено што доаѓа период на Божиќни празници и токму поради тоа не сакаат да бидат во нивните домови и да ги поминат празниците во очај. Случајно се наоѓаат на сајт за размена на домови каде се договараат да си ги заменат куќите, момент од кој што започнува и заплетот на дејствието во филмот. Иако на момент и двете сакаа да се колку што е можно подалеку од машкиот пол, се случува сосема спротивното, па така Аманда се запознава со згодниот полубрат на Ирис - Греам (Џуд Ло), а Ирис се запознава со филмскиот композитор и поранешен соработник на Аманда - Мајлс (Џек Блек) во кои се вљубуваат ...

„The Holiday” е филм кој се гледа многупати, филм кој ќе ве расположи, ќе ве насмее и ќе ве направи да се чувствувате прекрасно, филм кој ќе ја збогати празничната атмосфера и ќе ве натера да го погледнете уште еднаш, па уште еднаш ...

Ако до сега не сте имале можност да го погледнете „The Holiday” еве статијава нека биди потетување тоа веднаш да го направите со цел да уживате во прекрасните романтични и празнични сцени, а ако сте го гледале порано - изгледајте го уште еднаш и потсетете се на романтичната приказна која на многу едноставен начин допира до срцата на сите вљубеници во зимата и во зимските празници.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3105 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус