Филм

The hundred foot journey - филм кој вреди да се гледа

19 ноември, 09:07

Снимен според истоимениот светски бестселер, ˶Патување од сто чекори ̋ е незаборавно филмско доживување за сите генерации.

Искрената, на моменти комична и романтична приказна, ќе ве поведе на едно неверојатно смело патување од Индија до Франција и ќе ви покаже дека ништо не може да му застане на патот на вашиот сон, сè додека имате доволно храброст да сонувате.


Приказната се врти околу семејството Кадам, Индијци кои по доживеаната страшна несреќа се обидуваат да почнат од почеток.

Патот ќе ги одведе во Франција, во прекрасното селце Лумиер каде ќе го отворат својот индиски ресторан, токму од спротива на веќе прочуениот елитен ресторан на Французинката Малори.

Во центарот на приказната е младиот Хасан, извонреден готвач кој на секое јадење му дава душа, готви со многу љубов и внимание и знае да експериментира со зачините. Неговата страст за готвење ќе го одведе до неочекуван успех и необично ќе ги испреплети судбините на двата ресторани.

Она што овој филм го прави толку посебен е токму пораката која ја носи.

˶The hundred foot journey ̋ ќе ви покаже дека ништо не е невозможно бидејќи секој има свое место под сонцето, но и дека успехот не значи ништо ако немаш со кого да ја поделиш радоста.

Ликови се многу интересни, а особено се издвојуваат оскаровката Хелен Мирен во улогата на мадам Малори, како и ликот на таткото на Хасан кој е толку симпатичен и смел што ќе ви измами и солзи и насмевки.  

Едноставната и силна приказна сигурно ќе ве направи побогати за едно ново искуство и ќе ве потсети дека секогаш вреди да се борите за вашите соништа.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1207 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус