Филм

„The Internship”

10 септември, 13:12

„The Internship” е американска комедија од 2013 година во која како главни ликови се појавуваат веќе докажаните актери Винс Вон и Овен Вилсон.
До сега веќе неколку пати сме ги гледале овие актери како заедно глумат во други филмови, па затоа бидете сигурни дека ќе уживате во нивниот најнов заеднички филм „The Internship” и во нивната глума и талентот кои ги носат со себе.

Приказната која на интересен и комичен начин ни ја пренесува режисерот Шон Леви нѐ тера на размислување.
Ситуацијата во која ќе се најдат двата главни ликови е многу слична, ако не и сосема идентична со ситуацијата кај нас.
Поради брзиот технолошки напредок и развој во некои фирми веќе не се потребни луѓе кои би ја извршувале работата, па поради тоа сопствениците на таквите фирми се приморани да ги отпуштаат вработените, кои понатаму водат борба за опстанок.
Начинот на кој Винс Вон и Овен Вилсон ќе продолжат да се борат за да најдат повторно вработување е за секоја пофалба.

Долги години тие се трговци, но после отпуштањето се обидуваат да докажат дека не се застарени и дека сѐ уште се способни за работа. Прифаќаат предизвик на стажирање во една од најголемите интернет компании Google и се соочуваат со огромна бројка на брилијантни и најгенијални студенти, кои за нив претставуваат недостижни научници.
Нивната волја за напредок, желбата да се соочат со новите предизвици но најважно од сѐ да добијат нова работа која гарантирано ќе им носи приходи од кои ќе можат да живеат, ги прават Били (Винс Вон) и Ник (Овен Вилсон) јунаци во нивниот тим кој на крајот секако победува.

Филмот на одличен начин ни ја пренесува вистинската слика за тоа што навистина се случува во Google и во другите компании и ни покажува кој е патот кој секој треба да го помине ако сака да постигне некаков напредок.

Главната локација за снимање на филмот е Googleplex вистинското седиште на Google во Калифорнија, а некои сцени се снимени и во Институтот за технологија во Атланта.

Погледнете го овој одлично направен комичен филм и почнете да ја барате вашата шанса за напредок и развој.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1278 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус