Филм

“Tres Metros Sobre El Cielo”

09 февруари, 10:38

ТРИ МЕТРИ НАД НЕБОТО е приказна за бунтовник и принцеза, приказна за двајца млади и бунтовни, млади и вљубени, чија љубов се простира не до небото, туку дури три метри над него.

Аче (Марио Касас), како што го викаат пријателите, е бунтовно момче, импулсивен, има апетит за ризик, опасност и нелегални трки со мотори. Тој е бунтовник, на мотор кој со својата банда пријатели учествува на ноќни трки. Него сите го познаваат, никој не смее да го погледне попреку. Но, под суровата надворешност се крие едно фино и романтично момче кое животот го натерал да се затвори во оклопот на лош тип и поранешен затвореник. 

Баби (Марија Валверде) е девојка од средната класа, средношколка во приватно училиште, принцеза на мама и тато која е воспитана во духот на добрината, невиноста и правилата и чиј навидум совршен живот станува малку досаден. Нивните патишта се вкрстуваат кога нејзината најдобра другарка и неговиот најдобар другар ќе започнат врска. Баби бара адреналин во крвта, а Аче некој на кој може да му верува. Тука започнува нивната љубовна приказна. 

Како режисер на филмот се јавува Фернандо Гонзалес Молина. 

Погледнете ја извонредната тинејџерска, романтична љубовна драма која ја раскажува приказната за двајца млади луѓе кои припаѓаат на различни светови и дозволете им на чувствата да завладеат со вашиот ум и вашата душа.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1352 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус