Филм

Ѕвездени патеки – Во темнината

22 јули, 06:22

Кога одметнат член на Ѕвездената флота ќе се обиде да ги уништи највлијателните членови на флотата и да нанесе огромна штета, капетанот Кирк и неговиот екипаж ќе бидат испратени на мисија која се коси со хуманоста и правилата на флотата, со што на тест ќе биде ставена нивната човечност и тежината на нивните постапки.

„Star Trek Into Darkness” е одличен филм за љубителите на научна фантастика, особено за оние кои уживаат во доживувањата на екипажот на Ентерпрајз.

„Во темнината” е дело на режисерот Џ.Џ. Абрамс (го режираше „Ѕвездени патеки” во 2009 година), а исто како и во филмот од 2009 и овој пат истите актери се јавуваат во улогите на капетанот Кирк (Крис Пајн) и Спок (Захари Квинто).

Приказната е многу интересна, ликовите се добро осмислени, карактерни, а такви се и нивните постапки. Особено е интересен ликот на Спок, воздржаниот Вулканец кој нема емоции и е многу совесен. За разлика од сите изданија на Спок кои сме ги виделе досега, овој пат неговиот лик е поемотивен, што го прави доста симпатичен и интересен.

Критиките на оние кои го гледале филмот се одлични. Станува збор за луѓе кои ги имаат гледано сите можни изданија на „Ѕвездени патеки”, и најголем дел од нив се согласуваат дека ова е фантастичен филм.

Нашата проценка е дека во филмот ќе уживаат дури и оние кои не се љубители или никогаш не слушнале за „Ѕвездени патеки”.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3269 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус