Фонтана на младоста – книга која не е за секого

25 февруари, 00:02

„Фонтана на младоста – Тибетански вежби за подмладување” е посебна книга која не е за секого. Тоа ќе го дознаете уште во предговорот, каде многу едноставно е објаснета важноста на оваа книга и можноста токму невозможното да стане реалност.

Оваа книга на Питер Келдер е единствениот пишан извор за петте прастари тибетански вежби, кои доколку редовно се практикуваат го подмладуваат организмот и позитивно влијаат на здравјето.

 

Зошто не е за секого?

Доколку не верувате во тајната на древните ритуали кои илјадници години се практикувале на Хималаите и немате намера да се уверите во нивната моќ, залудно ќе ја читате книгата.
Но доколку барем малку поверувате или се запрашате дали пет едноставни вежби можат навистина да ве направат здрави, витални и полни со енергија, тогаш книгата се наоѓа во вистински раце.

Побарајте ја, кажете им на блиските за неа, започнете со вежбите и бидете сведоци на подмладувањето и енергијата со која ќе зрачите.

Оние кои веќе ги практикуваат тибетанските вежби сведочат за нивната моќ и вредност. Меѓу нив се наоѓаат и луѓе со кои лично сме разговарале и сме се увериле во делотворноста на „тибетанците”.

Вежбите се детално опишани во книгата, а за дополнително појаснување погледнете како се изведуваат петте тибетанци. Покрај вежбите овде ќе ја најдете и книгата, па доколку не успеете да ја најдете во книжарите, можете да ја прочитате на компјутер.

Напомена: За правилно изведување на вежбите неопходно е да ја прочитате книгата, особено објаснувањата за дишењето и начинот на изведување на вежбите.

 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 5537 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус