Занимливост, Интересно
Гејзер со бои на виножито
Во Невада на приватен ранч се наоѓа овој неверојатно прекрасен гејзер.
Направен е по вештачки пат при случајно наоѓање на геотермални води.
Од пукнатините од каде што извира геотермалната вода, овој гејзер може да ја исфрла водата и до 5 метри во висина.
Гејзерот е обвиен со прекрасни бои кои се добиени благодарение на термофилните алги кои се наоѓаат по целата негова површина.
Геотермалниот гејзер претставува вистинска атракција која може да се смести во некој научно фантастичен филм, бидејќи потсетува на нешто што не е реално и што не е од овој свет, а сепак го имаме.
Неговото постоење може да ја развие нашата фантазија со која можеме да замислиме и да претпоставиме каков бил почетокот на настанувањето на планетата Земја, кога по целата нејзина површина постоеле вакви гејзери.
Боите кои одвреме навреме се менуваат ѝ даваат посебна убавина на целата околина, со што ја прават да изгледа како уметнички насликана фотографија.
Погледнете го и вие овој неверојатен гејзер и уживајте во неговата единственост и убавина.
Додади коментар