Животен стил, Кујна, Рецепти

Гибаница од домашни кори (јуфки)

23 октомври, 06:58

Топла, вкусна, одлична за неделниот појадок или вечера. Доколку немате домашни кори може да купите т.н. јуфки, но вкусот на домашните кори е незаменлив.

Состојки:
кори ( за 2 лица доволна е една длабока чинија за супа убаво наполнета со кори)
2-3 јајца
1 шолја јогурт
малку сирење
 

Подготовка:
Корите ставете ги во зовриена вода со малку сол малку да се подварат, колку да омекнат.
Во длабок сад со виљушка изматете ги јајцата, додадете го јогуртот и издробете го сирењето. Исцедените кори додадете ги во оваа смеса и убаво промешајте.
Тавата за печење премачкајте го со масло или маргарин, ставете ја смесата од кори и јајца и ставете ја во рерна. Оставете убаво да изврие, а горниот слој кори да добие убава боја и крцкава кора.
Гибаницата исечете ја на парчиња и послужете ја со павлака или шолја јогурт.

Добар апетит!

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 12941 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус