Господар на своите чувства

08 јули, 00:55

„Денес ќе бидам господар на своите чувства.

А како ќе господарам со своите чувства, така што секој ден да биде среќен и производствен?

Ќе ја научам оваа вредна тајна: Слаб е оној кој им дозволува на своите мисли да господарат со неговите дела; јак е оној кој ги принудува своите дела да господарат со неговите мисли.

 

Секој ден, кога ќе се разбудам, ќе го следам овој план на битка пред да ме зафатат силите на тагата, самосожалувањето и неуспехот:

Ако сум нерасположен, ќе пеам.

Ако сум тажен, ќе се смеам.

Ако сум болен, двојно ќе ја зголемам својата работа.  

Ако се плашам, ќе јурнам напред.

Ако се чувствувам помалку вреден, ќе облечам нов костум.

Ако сум несигурен, ќе го зголемам гласот.

Ако сум сиромашен, ќе мислам за идното богатство.

Ако сум неспособен сега, ќе се сетам на минатиот успех.

Ако сум безначаен, ќе се сетам на своите цели.

Денес ќе господарам со своите чувства.”
 
„Најголемата тајна на светот” – Ог Мандино

Многу е важно да имаме контрола врз нашите мисли. Тие се наша движечка сила, нe насочуваат и го определуваат нашиот живот.
Следејќи ги овие неколку едноставни правила за контрола на нашите чувства, ќе имаме успешен, исполнет и среќен живот.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2643 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус